Издавачки центар ТРИ

Summer book festival '09


Актуелно
 
   02.07.2009 - Summer Book Festival
Издавачкиот центар ТРИ од денеска го започнува својот традиционален Летен фестивал на книгата. Во Кафе книжарницата ТРИ во ГТЦ, сите изданија ќе се продаваат со попуст од 20 до 50%, а голем попуст имаат и монографските изданија на светскиот издавач ТАШЕН.
 
 
 
   01.07.2009 - Промена на поштенските трошоци
Почитувани читатели, поради неодамнешното зголемување на цената на услугите од страна на АД Македонска пошта, принудени сме да направиме промена на цената за испорака на книгите нарачани преку нашата интернет книжарница. Новата цена на поштенските услуги од 01.07.2009 изнесува 90 денари по нарачка, без разлика на бројот на нарачаните книги.
 
 
 
   02.04.2009 - Најактуелните светски книжевни остварувања во ТРИ
Како и секоја година до сега, на саемот на книга Издавачкиот центар ТРИ ќе ве пречека со најновите и најатрактивни наслови кои го окупираат светското читателско внимание.
 
 
 
   12.03.2009 - „Роман на годината“ за Индиго Бомбај!
Романот „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловкса-Георгиева е овогодинешниот добитник на наградата „Роман на годината“, што ја доделува „Утрински весник“. Во конкуренција од вкупно 34 романи кои беа доставени на конкурсот, жири комисијата составена од Блаже Миневски, Методија Фотев, Ким Мехмети, Ангелина Бановиќ-Марковска и Ѕвездан Георгиевски одлучи ова годинешното признание, инаку јубилејно, 10-то, да го додели на романот Индиго Бомбај, издание на Издавачкиот центар ТРИ.
 
 
Архива   

препорачуваме

Самрак
- Стефани Мајер
Светска книжевна сензацијашто го сврте умот на над 40 милиони читатели ширум светот и ги освои сите светски топ листи. Неодоливо морничав и занесно романтичен почеток на сагата од четири продолженија САМРАК конечно и на македонски! Големиот хит, објавен за првпат во 2006 година, се стекна со култен статус најпрвин во САД, а потоа и во уште 43 земји, и до овој момент достигна бојка од импресивни 40 милиони читатели!

Цена: 400,00 ден.
стави во кошничка
 
Белиот тигар
- Аравинд Адига
Балрам Халваи е Белиот тигар – најпаметното момче во селото. Неговото семејство е премногу сиромашно за да може да го школува, па тој е принуден да работи во чајџилница каде што ситни јаглен и ги брише масите. Еден ден среќата сепак ќе му се насмевне – еден богаташ ќе го најми како сопствен возач и ќе го поведе со себе во Њу Делхи. Градот е вистинско откровение за Балрам...

Цена: 350,00 ден.
стави во кошничка
Камен на трпение
- Атик Рахими
„Во Авганистан или каде било другаде во светот“, почнува писателот Атик Рахими, една жена бдее над својот маж, којшто е ранет и во кома веќе цели петнаесет дена. На шеснаесеттиот ден, сета престрашена од братоубиствената војна што виори околу нејзиниот дом во којшто таа е заробена со двете ќерки и неподвижниот маж, жената ја започнува својата исповед пред немиот сведок, истурајќи ги пред него сите јадови и страдања од сопственото постоењ

Цена: 250,00 ден.
стави во кошничка
 
Како да пливате со ајкули
- Харви Мекеј
Да дадеш добар совет е барем еднакво тешко како и да добиеш добар совет, но Харви Мекеј успеал во двете овие работи. Неговата книга полека не води до точката кога ќе речеме: 'Се разбира! Тоа е јасно! И јас мислам така!' - што е одлика на извонреден учител. Единствена книга на деловната легенда, што ќе ви покаже како и вие да успеете во работата како што успеа тој!

Цена: 320,00 ден.
стави во кошничка

 корис. име:
 лозинка:
    


Мислите како болви скокаат од еден на друг човек, ама не го касаат секого. (Џорџ Бернард Шо)

1.

Калуѓерот што го продаде своето Ферари

Робин Шарма
2.

Самрак

Стефани Мајер
3.

Љубов во време на колера

Габриел Гарсија Маркес
4.

Иновација до корен

Роуан Гибсон и Питер Скарзински
5.

Белиот тигар

Аравинд Адига