Издавачки центар ТРИ

Кликнете за поголема слика
Роуан Гибсон и Питер Скарзински
Иновација до корен
ISBN:978-9989-187-75-9
формат:140 x 205
број на страни:358 стр.
издадена:2009 год.
Цена:400,00 ден.
купувам

Bookmark and Share



  Краток извадок од книгата
Еднаш на секои десет години се појавува бизнис книга која од корен го менува начинот на размислување и работење на компаниите во светот!

Некои компании, како Елп (Apple) или Гугл (Google) изгледаат како да се родиле иновативни. Но што ако вашата организација е многу подобра во спроведување, отколку во иновирање? Што треба да сторите за навистина да ви се случи иновација?

Базирајќи се на стратегиите и искуствата на гуруто Гери Хамел, „Иновација до корен” претставува долгоочекуван водич кој ќе ви покаже како да ја претворите иновацијата од помодарски збор во клучна компетентност на вашата организација.
Питер Скарзински и Роуан Гибсон извлекле мноштво примери од разновидни групи на компании - како на пример, Генерал Електрик , Проктер и Гембл, Нокиа, ИБМ, и многу други - за да обезбедат нацрт-план за подобрување на начинот на иновација на вашата компанија.

Авторите објаснуваат дека иновацијата мора да стане составен дел на ДНК на вашата компанија. Всушност, вие треба да изградите и развиете длабока способност, затоа што иновацијата е исто толку значајна за вашата организација, колку и останатите претприемачки иницијативи, како на пример, Управување со Севкупниот Квалитет (Total Quality Management), слабо производство или шест Сигма. Тоа претставува тежок предизвик за секоја организација, меѓутоа може да се оствари. И со помош на практичниот, дисциплински пристап, скициран во оваа книга, и Вие и вашата компанија можете да го остварите тоа.

Книгата обезбедува едноставни конструкции, листи на чекор по чекор активности и други практични помагала за да ви помогнат вам и на вашите колеги иновацијата да ја претворите во реалност. Ќе научите како да создадете културна средина во која се можни секакви пробиви. Ќе откриете како систематски да создавате нови спознанија и да вклучувате многу умови - и внатре и надвор од вашата компанија - во процесот на создавање на идеи. Ќе откриете како ризиците кои произлегуваат од новите можности да ги сведете на минимум и да ја максимизирате добивката од иновациите. И најзначајно од сè, ќе научите како потребните системи и процеси да ги поставите на вистинско место, за да ја внесете иновацијата во сржта на вашата организација.

Градењето на профитабилна и одржлива способност за иновација претставува клучна работа за тековниот успех на секоја компанија. „Иновација до корен” обезбедува патоказ за внесување иновацијата во крвотокот на вашата организација, со што таа ќе стане нешто што се случува постојано и насекаде.



 корис. име:
 лозинка:
    


Не е важно на кој јазик зборувате. Љубовта зборува од срцето. Љубовта е моќен исцелител. (Лујза Л. Хеј)

1.

Последниот чај

Винка Саздова
2.

Девојката со тетоважа на змеј

Стиг Ларсон
3.

Зазорување

Стефани Мајер
4.

Помрачување

Стефани Мајер
5.

Откријте ја својата судбина

Робин Шарма